Компани: Титулата во Премиер лигата може да почека, фокусирани сме на Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити со победа во саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед и математички ќе ја обезбеди титулата во Англија, но капитенот на „граѓаните“ Компани вели дека не би му пречело да ја одложат прославата на титулата за на вистински начин да се подготват за дуелот со Ливерпул.

И Гвардиола по поразот од Ливерпул (3:0) истакна дека некои од клучните играчи ќе ги одмара на дуелот со Јунајтед, но во оваа ситуација прашање е дали ќе ризикува уште еден пораз кој дополнително би ја разнишал екипата.

„Имаме една шанса во Лигата на шампионите. Во Премиер лигата имаме доволно шанси да ја завршиме работата. Никогаш не било вака, ќе мора да ги одредиме приоритетите. Што и да се случи во сабота, натпреварот ќе го сфатиме најсериозно. Знаеме колку е важен за навивачите, но по тоа се вртиме кон незавршената работа која ја имаме во Лигата на шампионите“- коментираше Компани.

Сити има огромна предност од 16 бода пред Манчестер Јунајтед и шансите да не ја освои титулата во Англија се сведени на минимум.