Уште еден тим се вклучи во трката за Пјаниќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија, тимот на Челси е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе Миралем Пјаниќ следната сезона.

Босанецот е еден од клучните играчи на Јувентус, но по се изгледа ова лето ќе го напушти Торино по огромниот интерес за него од неколку европски гиганти.

Освен Челси кој последен се вклучи во трката за Пјаниќ заинтересирани се и двата најголеми клубови од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид како и ПСЖ.