ЖРК Вардар на чекор од фајнлфор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарките на ЖРК Вардар победија на гостувањето кај Митјиланд со 24:23 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Со оваа победа Вардарки доаѓаат многу блиску до пласман на нов фајнлфор турнир, петти по ред за црвено црните.

Во нашиот табор најпрецизна беше Драгана Цвијиќ со осум постигнати погодоци, додека Лекиќ шест пати ја тресеше мрежата на Данките. Кај Митјиланд се истакнаа Кристијансен и Фрис со по шест погодоци.

Реванш средбата на програмата е на 14 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

МИТЈИЛАНД – ВАРДАР 23:24 (16:13)

ВАРДАР: Лејно (5 одбрани), Суслина (5 одбрани), Радичевиќ 4, Кликовац, Саздовска, Кузнецова, Лазовиќ 3, Пенезиќ 1, Чанаџија 1, Лакрабер, Хмирова 1, Цвијиќ 8, Лекиќ 6, Петровиќ, Ристовска.