Гундоган поминал медицински прегледи во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Барселона го договорил трансферот на Илкај Гундоган во 2015 година. Каталонците долго ги следеле настапите на репрезентативецот на Германија и постигнале договор со Дортмунд во висина од 20 милиони евра, една година пред тој да се пресели во Манчестер Сити.

Гундоган дури и ги поминал медицинските прегледи во Барселона и бил значително возбуден за играњето на „Камп Ноу“ иако за неговото деби ќе требало да почека шест месеци поради забраната за трансфери од ФИФА која тогаш беше на сила за Барселона.

Сепак, на крајот трансферот не се реализирал затоа што тогашниот тренер на клубот, Луис Енрике го блокирал истиот и се решил да го купи Арда Туран од Атлетико Мадрид.