Јунајтед лесно против Бурнемут


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед славеше очекувана победа на гостувањето кај Бурнемут со 2:0.

Во не толку интересен натпревар „Црвените ѓаволи“ одиграа онолку колку што требаше за да ги прокнижат трите бодови кои им беа неопходни за речиси сигурно да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Првиот гол беше дело на Крис Смолинг, додека конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку кој натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалери.

Манчестер Јунајтед со оваа победа се зацврсти на втората позиција на табелата, додека Бурнемут остана 11. пласиран.