Арсенал преговара со поранешен тренер на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во петокот навивачите на Арсенал конечно добија вест дека Арсен Венгер заминува од клубот по 22 години, а најважно прашање во моментов е – кој ќе биде негов наследник.

По 22 години, конечно на тренерската позиција ќе седне некој друг, а еден од кандидатите кои се споменуваат е поранешниот тренер на Барселона Луис Енрике.

Медиумите пишуваат дека Енрике одлично се сложува со новиот шеф на Арсенал за фудбалски прашања, но проблем би можела да биде висината на платата.

Енрике освен Барселона и Барселона Б, ги има водено и Селта и Рома додека како играч има играно во Спортинг, Реал Мадрид и Барселона.