Рајт: Венгер беше отпуштен од Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт смета дека Арсен Венгер бил отпуштен од Арсенал затоа што не верува дека тој планирал да замине.

„Арсен Венгер е човек со принципи, искрено, затоа мислам дека тој е убеден дека ќе биде отпуштен. Арсен никогаш не беше човек кој ќе си замине пред истекот на договорот. Тажно е што дојде до ова, и не гледам дека набрзо ќе се открие кој е виновен за тоа затоа што се кријат еден зад друг“- коментираше Рајт во интервју за Сан.

Од Скај Спортс утрово излегоа со информација дека првите лица на Арсенал го убедиле Венгер сам да се повлече затоа што во спротивно ќе следел отказ.