Алиоски донесе победа за Лидс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски беше стрелец на погодко на натпреварот кој неговиот Лидс го доби против Барнсли со 2:1.

Крилниот фудбалер беше стрелец на вториот погодок на тимот во 50. минута од средбата кога одлично беше проигран од страна на Руф и без проблем ја смести топката во мрежата.

Инаку, првиот гол за Лидс кој забележа победа по четири неуспеси по ред, го постигна Пирс во 17. минута, додека резултатот Барнсли го изедначи со автоголот на Оконор во 36. минута.

Денешниот погодок беше вкупно седми за Езџан Алиоски во дресот на Лидс Јунајтед.