Венгер се сели во ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Франција, Арсен Венгер, кој си заминува од Арсенал по 22 години, би можел да се пресели во градот на светлината каде ќе работи во тимот на ПСЖ.

Имено „Ле10Спорт“ пренесува дека од таборот на новиот француски шампион на Венгер веќе му понудиле да биде генерален директор во клубот за следната сезона.

Унаи Емери објави дека ќе си замине од тренерската функција по крајот на сезоната, а него речиси сигурно ќе го наследи Томас Тухел.

Останува да видиме дали Венгер ќе прифати ваква функција или ќе продолжи да води некој друг клуб.