Пораз еднаков на победа: ВАРДАР ПОВТОРНО ВО КЕЛН


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар втора година по ред се пласираа на фајнл фор турнирот во Келн откако беа поуспешни во двомечот против Кил.

Избраниците на Раул Гонзалез претрпеа пораз  (27:28) кој воопшто нема да боли затоа што поради подобриот скор од гостувањето на „Шпаркасен арената“, односно повеќето постигнати голови се пласираа на фајнл-фор турнирот во Келн.

Во текот на целиот натпревар резултатот варираше, па во водството се менуваа и Вардар и Кил. Нашиот претставник имаше и четири гола предност на 15. минути до крајот на средбата, но на крајот истата ја испуштија и претрпеа пораз.

Гостите од Германија во последните десетина секунди постигнаа погодок за 28:27, а на спротивната страна погоди и Чупиќ, но со звукот на сирената па голот не се важеше.

Одличен во Вардар беше Борозан кој постигна шест погодоци од осум обиди, додека стандардно добар на голот беше Штербик кој собра 14 одбрани.