ФИФА ги избра судиите за ВАР системот на Мундијалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА денес на својата официјална страна објави дека избра 13 судии кои на Светското првенство во Русија ќе бидат асистенти за видеоанализа.

Светската фудбалска асоцијација соопшти дека овие судии исклучиво ќе работат во ВАР системот, па ќе бидат распоредени во групи од по четири членови кои ќе ги прегледаат евентуалните спорни ситуации на секоја од 64те натпревари.

Меѓу арбитрите за видео надзорите нема да има Англичани, кои во последно време се доста критикувани поради спорните одлуки.

Светското првенство започнува на 14 јуни, а се завршува на 15 јули.