Возбудлив меч на „Бернабе“: Од игра со рака на Марсело, до катастрофална грешка на Улрих (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите откако ремизираше (2:2) на „Сантијаго Бернабе“ против тимот на Баерн Минхен.

Натпреварот беше динамичен и тензичен во сите 90 минути, а уште од самиот старт видовме големи возбудувања, па до 11. минута веќе имаше два погодоци, по еден во секоја мрежа.

На натпреварот можеше да се види и чиста игра со рака на Марсело во својот шеснаесетник, како и катастрофална грешка на Улрих по која Бензема погоди за 2:1.

Кога ќе се сумира се, на „Сантијаго Бернабе“ гледавме натпревар кој ги оправда очекувањата од едно полуфинале од најелитното европско натпреварување.