Мирабели најавува подобри времиња: Милан купува три феноменални засилувања!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан на почетокот на сезоната најавуваше многу големи работи и поход на титулата, но од тоа на крајот немаше ништо, па во моментов имаат шанса само да се пласираат во Лигата на Европа.

Пред неколку дена Масимилијано Мирабели најави едно засилување кое ќе ја „запали“ фудбалската јавност, а станува збор за напаѓач. Наводно, тие се договориле со Марио Балотели и тој ќе се врати летово во екипата.

Втор фудбалер кој би требало да пристигне во Милан е Марио Манџукиќ од Јувентус. Очигледно ќе има ремонт на екипата од Торино, па еден од тие што ќе треба да заминат е токму Хрватот.

Последното засилување би требало да биде Маруан Фелаини, кој не е стандарден во Манчестер јунајтед, а сака да игра, па има преговори со Милан, кој му нуди добри услови и место во првиот состав, а тоа би требало да биде доволно за да прифати да се пресели на „Сан Сиро“.