Фудбалерите на Барселона добија шпалир, но не од играчите на Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера на домашен терен одиграа 2-2 против Реал Мадрид во големото дерби во шпанската Ла Лига.

Како и вообичаено, „Ел Класико“ донесе многу возбудувања на теренот. Провокациите на двете екипи почнаа пред неколку недели кога од „кралскиот клуб“ соопштија дека нема да прават шпалир и нема да дадат аплауз на Барселона на шампионската титула, иако тоа е традиција во Шпанија.

Зинедин Зидан призна дека така одлучил, а неговите играчи вчера му го исполнија барањето. По завршување на мечот се појави интересна фотографија. Со оглед на тоа дека не добија шпалир од Реал, Жерар Пике го замоли техничкиот персонал да им направи шпалир и да им аплаудира додека излегуваа од теренот.