Зидан откри колку е тешка повредата на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по мечот со Барселона кажа дека повредата на Кристијано Роналдо не би требало да биде сериозна.

Најдобриот фудбалер на „кралевите“ се повреди при голот за израмнување по дуелот со Жерар Пике, но на теренот остана до крајот на првото полувреме.

„Рано е да зборувам за неговата повреда. Мислам дека не е сериозна. Денеска ќе се знае неговата ситуација, но Кристијано ми кажа дека не е ништо посериозно“, вели Зидан.

Реал во среда гостува кај Севилја во меч од 34. коло, а до крајот на сезоната треба да игра уште со Селта, Вилјареал и Ливерпул на 26. мај.