Дали Роналдо ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо поради повреда мораше да биде заменет уште на полувремето на дерби пресметката со Барселона.

Болната гримаса на лицето на Португалецот ги загрижи сите навивачи на Реал Мадрид пред финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Тренерот на Реал Мадрид денес даде изјава за моменталната состојба на најдобриот фудбалер на „Кралевите“.

„Па видете, не е баш најдобро. Ние не губиме надеж и не сакаме да мислиме негативно. Денес ќе се извршат неколку тестови, нашите доктори ќе сторат се тој да биде подготвен за финалето. Но, мислам дека ова е полесна повреда и сум убеден дека ќе игра во финалето“ –коментираше Зидан.