Милорад Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот судија ќе ја води средбата во финалето на Лигата на шампиони, во која на 26. мај, во Киев играат Реал Мадрид и Ливерпул.

Европската фудбалска федерација покажа голема доверба и ќе му даде право да го води најважниот меч во елитното фудбалско натпреварување.

Мажиќ на Олимпискиот стадион во Киев ќе биде придружуван од неговите колеги Далибор Џурџевиќ и МИлован Ристиќ.

Четврти судија ќе биде Клемон Турпан од Франција. Инаку, Мазиќ сезонава судеше четири меча во Лигата на шампиони и два во Лигата на Европа, а ќе суди и на СП во Русија.