Кујперс ќе биде главен судија во финалето на Лига Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судијата од Холандија, Бјорн Кујперс ќе ја дели правдата на мечот за трофеј во Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

Како што соопшти Комисијата на УЕФА за судење, натпреварот меѓу шпанскиот и францускиот клуб во Лион на 16. мај ќе го суди 45-годишниот Кујперс.

Интересно е тоа што Кујперс сезонава му судеше на Атлетико во Лигата на шампиони против Рома (2-0 победија Шпанците), како и на Марсеј во Лигата на Европа против Лајпциг (5-2 победија Французите).