Барса ќе собере 100 милиони евра од продажба на неколку играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона би можела да продаде дури осум играчи во летниот преоден рок од кои ќе обезбеди 100 милиони евра профит кои потоа ќе ги вложи во дополнителни трансфери.

На излезната врата од „Камп Ноу“ се Лукас Диње, Андре Гомес, Алеикс Видал, Пако Алкасер, Денис Суарез, Џерард Делуфеи, Мунир и Рафиња.

Со продажбата на овие играчи Барселона ќе ги собере потребните пари кои ги бара Атлетико Мадрид за нивниот најдобар фудбалер во последните неколку сезони, Ентоан Гризман.

Се шпекулира дека можно е заминување и на астрономско скапото засилување на Барселона од минатото лето, Осман Дембеле.