Робен се уште нема одлучено дали ќе остане во Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арјен Робен се уште не го потпишува договорот за продолжување на соработката на дополнителна една сезона кој му го понудил Баерн уште пред две недели.

Холанѓанецот на својата адреса веќе имал неколку понуди кои се уште ги разгледува како можни опции за продолжување на својата кариера.

Румениге истакна дека е релаксиран во однос на ова прашање и очекува Робен да ја продолжи соработката со клубот.

„Ние сме доста релаксирани по ова прашање. Го знаеме Робен. Тој е горд Холанѓанец и со него треба да имате трпение. Ние го имаме“- коментираше Румениге за Кикер.