Атлетико нов шампион во Лигата на Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид со победата против Марсеј со 3:0 ја освои титулата во второто по ранг натпреварување во Европа.

Прв на натпреварот се закани Марсеј во 4. минута кога Паје ја изигра цела одбрана и одлично го проигра Гермаин, но напаѓачот шутираше над голот.

Потоа во 21. минута по големата грешка на Замбо Ангуисо, Гризман ја затресе мрежата на францускиот тим.  Во 31. минута следуваше пех за Марсеј затоа што Димитри Паје се повреди и мораше да излезе од игра.

На самиот старт на вториот дел Атлетико стигна до предност од 2:0, а повторно стрелец на голот беше Гризман.

Точка на средбата стави најискусниот Габи кој во 89. минута го постигна третиот погодок на средбата.

Ова е вкупно трет трофеј во Лигата на Европа за тимот на Атлетико Мадрид.