Буфон се сели во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скај Спортс дознава дека Џанлуиџи Буфон е блиску до преселба во Пари Сен Жермен. Италијанецот си замина од Јувентус по 17 години во Торино и најави дека нема да стави крај на играчката кариера.

Пред неколку дена претседателот на ПСЖ, Ал Келафи истакна дека нема клуб во светот кој не би го посакал Буфон во својот тим, но и притоа додаде дека Ареола ќе биде прв избор за нив следната сезона.

Сепак по најновите најави, Буфон ќе биде првиот избор на Тухел за следната сезона, а згора на тоа легендарниот голман ќе ја добие и капитенската лента во тимот.