Легендарниот Срна по долго време заминува од Шахтјор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Дарио Срна го дели само потпис од трансфер во редовите на грчкиот великан, ПАОК.

Клубот од Солун оваа сезона заврши на второто место веднаш зад првакот АЕК, а од клупата ги води Разван Лучески, син на многу попознатиот Мирчеа Луческу кој долго време му беше тренер на Срна во Шахтјор.

Срна, кој минатата сезона беше супсендиран поради допинг може да се врати на тренинзи на 22. јуни, а официјален натпревар ќе може да игра од 22 август.