Адеми крена уште еден трофеј: Динамо Загреб шампион во Купот на Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Динамо Загреб славеа во вечното дерби против Хајдук со 1:0 во финалето од Купот на Хрватска.

Финалниот натпревар се играше во Винковци, а на крајот се радуваа фудбалерите од Загреб. Стрелец на единствениот погодок беше Гаврановиќ кој ја затресе мрежата на Хајдук во 55. минута.

Во тимот на Динамо Загреб целиот натпревар го одигра нашиот репрезентативец, Арјан Адеми, кој ќе подигне уште еден трофеј како капитен на „модрите“. Адеми во 19. минута имаше и голема шанса, но голманот на Хајдук успеа да ја сочува својата мрежа.