Видал поради тепачка ќе мора да оди во затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал би можел да добие до десет години затвор поради нанесување на тешки телесни повреди за време на една тепачка во ноќен клуб во Германија.

Наводно покрената е тужба против 31 годиншниот Видал и неговиот помлад брат Сандрино. Чилеанецот поради инцидентот кој се случил за време на Октоберфест би можел да добие затворска казна од шест месеци до десет години.

„Обвинет е за удирање двајца луѓе, заедно со уште еден помагач. Обвинителството ја промени тужбата според која се нанесени телесни повреди. Тужбата сега ќе се води за дело по кое се нанесени тешки телесни повреди“ – истакна Флориан Вајнцел, портпарол на државното обвинителство на Германија.