Меси најде ново засилување за Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона зад себе има успешна сезона, која ја заврши со двојна круна. Меѓутоа, навивачите на Каталонците сакаат нивниот тим да игра сериозна улога во Лигата на шампиони.

Барселона, неочекувано, испадна во четвртфиналето од Рома, па поради тоа ќе сакаат да се засилат летово.

Каталонската екипа ја напушти Андрес Иниеста, а се очекува да заминат уште неколку фудбалери. Покрај тоа, мора да се спомене дека има листа со потенцијални засилувања, во која свој збор има и Меси.

„Дон балон“ пишува дека Меси го сака играчот на Челси, Маркос Алонсо, кој може да очекуваме летово да се пресели во Каталонија, односно во екипата на Барселона.