Маестрален настап на Таеквондо клуб “ХВА РАНГ ИТФ” на еминентен турнир во Зворник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов од 25-27 мај 2018 во Зворник, Босна се одржа најпрестижниот натпревар ИТФ ГРАНД ПРИ ЗВОРНИК ОПЕН 2018  , каде учествуваа клубови од 13 земји од регионот , каде беа донесени најдобрите борци.

„ХВА РАНГ ИТФ“ настапи со 12 натпреварувачи и се закити со 23 медали од кои седум златни, 10 сребрени, шест бронзени и Пехар за најдобар стар кадет.

„Како и секој турнир така и овај турнир, се надевавме на добри резултати иако бевме скептични поради квалитетот на борците кои беа најавени за учество на овај турнир. Но работата и желбата за успех го направија своето, и ние како тренери бевме изненадени од успехот што го постигнаа нашите натпреварувачи“- истакна тренерот Марјанчо Лазаревски.

Најголеми изненадување приредија Филип Трифуноски, Елена Јанеска , Давид Крстески и кадетската екипа за  спаринг екипно.

Кадетската екипа , во која учесвтуваа , Филип Трифуноски, Марио Крстески, Давид Крстески, и двајца позајмени натпреварувачи од Унгарија и Србија, стигна до полуфинале,каде се сретнаа со домашната екипа. Од клубот велат дека домаќините се надевале на лесна победа, но на крај загубиле со 3:0 . Филип Трифуноски и Марио Крстески со атрактивни борби го однесоа, а во финале очекувано нашите беа поразени од Бугарите кои беа повозрасни и далеку поискусни.

Дел од финалните борби беа чувани за на крај , на бина и под рефлектори, каде беа избрани најатрактивните  борци,  во кои влегоа Филип Трифуноски, Елена Јанеска , Давид Крстески.

„Прв настапи Филип Трифуноски ,кој атрактивно и маестрално го совлада домашниот претставник , каде беше доминантен во текот на целата борба, па потоа Елена  која иако има 11 години се тепаше со повозрасна натпреварувачка од Бих која наскоро ќе полни 14 години, и беше неизвесно до самиот крај, но за жал загуби, и на крај како во секој филм се чува најдобриот од домашната екипа, за публиката  да биде презадоволна, нивниот Ѓорѓе Крстиќ против нашиот Давид Крстески, но тоа беше уште поголем мотив за нашиот натпреварувач да победи по секоја цена. Во стилот на големите мајстори Давид  во главната борба на вечерта го совлада атрактивно  домашниот претставник и со тоа потрвди дека е еден од најдобрите во своја категорија на овие простори, со што успеа да земе Пехар за најдобар стар кадет на ИТФ ГРАНД ПРИ, а со тоа потекоа и солзите радосници кај него и нашата екипа“- објасни Марјанчо Лазаревски.

секунди, се гордееме што веќе имаме квалитет кој парира на светската елита.

Освојувачи на медали се:

ДАВИД КРСТЕСКИ  – 3 медали

-1 место,злато борби -35 кг кадети 11-13 год

– 1 место,злато  форми плав појас кадети 11-13 год

-2 место, сребро  екипно борби кадети

-пехар за најдобар стар кадет

ВЛАДИМИР ДИМИТРИЕВИЌ -2 медали

-3 место, бронза  борби -35 кг млади кадети до 11 год

– 2 место, сребро -форми жолт  појас млади кадети  до11 год

ЕЛЕНА ЈАНЕСКА -2медали

-2 место,сребро  борби +55 кг женски кадети 11-13 год

– 3 место, бронза  форми жолт појас женски кадети 11-13 год

МАРИО КРСТЕСКИ – 2 медали

– 3 место,бронза форми зелен  појас кадети 11-13 год

-2 место, сребро  екипно борби кадети

МАРИО КРСТЕСКИ – 2 медали

-1 место,злато борби -60 кг кадети 11-13 год

-2 место, сребро  екипно борби кадети

АНГЕЛА ВЕЛЈАНОСКА -2 медали

-1место,  злато  борби -55 кг женски јуниори 14-15 год

– 2 место, сребро форми жолт појас женски јуниори 14-15 год

АНАСТАСИЈА ВЕЛЈАНОСКА -2 медали

-3 место, бронза борби -60 кг женски јуниори 14-15 год

– 1 место,  злато  форми жолт појас женски јуниори 14-15 год

ХРИСТИЈАН МИТРЕСКИ -2 медали

-1 место,  злато  борби +70 кг  јуниори 14-15 год

– 3 место, бронза  форми  плав појас јуниори 14-15 год

ДАВИД ВЕЛКОВСКИ -2 медали

-2 место,  сребро  борби -60 кг  јуниори 14-15 год

– 2 место, сребро  форми  плав појас јуниори 14-15 год

АНТОНИО ЈАНЕСКИ-2 медали

-3 место,  бронза  борби -55 кг  јуниори 14-15 год

– 2 место, сребро  форми  зелен  појас јуниори 14-15 год

ФИЛИП ЈОСИФОСКИ -2 медали

-1 место,  злато  борби -64 кг  сениори

– 2 место, сребро  форми  црн појас  II дан сениори