Блан пристигна во Лондон на преговори со Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Лорен Блан пристигнал во Лондон на завршни преговори со Челси.

Французинот речиси сигурно ќе биде наследник на Конте на клупата на „Сините“ откако од таборот на Челси се одлучија да не плаќаат на Наполи осум милиони евра за Маурицио Сари.

Во јавноста се спомнуваа многу имиња за тренерската позиција на „Стемфорд Бриџ“, но се чини дека сега се е готово.

Блан во кариерата работеше во Бордо и ПСЖ со кои стана шампион на Франција, а беше селектор и на репрезентацијата на „Галските петли“ од 2010 до 2012 година.