Арсенал го возвраќа ударот: Емери носи фудбалер на Јунајтед на „Емирати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Арсенал е подготвен да му понуди добар договор на Маруан Фелаини кој ќе биде слободен агент следниот месец.

Белгискиот интернационалец се уште го нема продолжено договорот со „Црвените ѓаволи“ и по се изгледа ќе си замине од тимот ова лето како слободен агент.

Се споменуваше Милан како можна дестинација за Фелаини, но од клубот од  Италија не се подготвени да му ги исполнат барањата на играчот од средниот ред.

Сепак, Арсенал е финансиски постабилен од Милан и е во можност да му понуди седум милиони фунти годишна плата.