Погба: Зошто никој не го критикува Меси кога шета на натпреварите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба е на удар на навивачите на Франција пред почетокот на Мундијалот во Русија, а критиките не му се допаднаа на Французинот.

Напротив, тие го налутија и Погба ги праша навивачите преку медиумите зошто никој не го критикува Лионел Меси кога се шета по теренот.

„Не знам зошто не го критикувате Лионел Меси кога се шета по теренот. Ако постигне три гола на натпреварот, никој нема да каже дека се шетал. Немате право ниту на мене да ми кажувате како да играм фудбал“, вели Погба.