Јувентус и Манчестер јунајтед во битка за Сергеј Милинковиќ-Савиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ привлече големо внимание во Европа со неговеи феноменални игри, а единствени кои може да си го дозволат во моментов се Јувентус и Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, првите ќе мора да го урнат рекордот платен за Гонзало Игуаин пред две години, кога платија 90 милиони евра.

Јувентус ги нема тие пари во моментов, но планира да продаде некоја ѕвезда, па така да ги добие потребните пари за трансферот.

Од друга страна, Јунајтед размислува само за Сергеј, кој планира да го донесе како замена за Пол Погба, кој се поврзува со заминување од Манчестер.