Наполи му ја расипува работата на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија пишуваат дека Наполи е подготвен буквално да го „украде“ фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан пред носот на Јувентус.

Клубод од Торино веќе ги договори личните услови со Дармиан, но се уште не се има договорено со Манчестер Јунајтед за цената. Јуве нуди околу 12 милиони плус бонуси, додека „ѓаволите“ бараат најмалку 20 милиони евра за неговите услуги.

„Калчомеркато“ јавува дека Наполи ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација со тоа што ќе ја плати бараната сума од Манчестер Јунајтед.