Борусија Дортмунд купи ново засилување од Вердер Бремен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд вчера го потврди официјално доаѓањето на фудбалерот од Данска, Томас Дилејни.

„Милионерите“ за него платија 17,5 милиони фунти на Вердер, а 26-годишниот играч потпишал четиригодишен договор. Во текот на минатата сезона одигра 32 натпревари во Бундеслигата и постигна три гола и пет асистенции.

Дортмунд зад себе има лоша сезона, во која заврши на четвртата позиција со 29 бода помалку од Баерн Минхен, па управата одлучи да донесе засилувања кои ќе можат да се борат за титулата.

Инаку, нов тренер на Дортмунд во наредната сезона ќе биде Лусијен Фавр, кој претходно ја тренираше Ница.