Работнички договори квалитетно засилување од ФК Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во таборот на Работнички и официјално пристигна францускиот интернационалец Жоел Бопесу.

Бопесу минатата полусезона настапуваше во тимот на Скопје и беше дел од најголемото пролетно изненадување во првенството. Французинот беше меѓу најдобрите играчи на Скопје,тим кој имаше одлични резултати во втората полусезона, но поради катастрофалната прва полусезона на крајот испадна од ПМФЛ.

Жоел Бопесу со „романтичарите“ потпиша договор во времетраење од една сезона.

„Потпишавме едногодишен договор со францускиот интернационалец Жоел Бопесу. Се работи за квалитетен фудбалер кој игра на левата бековска позиција и е веќе добро запознат со условите во македонскиот фудбал. Се надеваме дека ќе се вклопи успешно во нашиот тим“, истакна спортскиот директор Иван Поповски, претставувајќи го петтото ново име во ФК Работнички.