УЕФА нема да го казни ПСЖ, но тие ќе мора да продадат неколку фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До крајот на јуни ПСЖ ќе мора да има приход од 60 милиони евра за да не биде казнет клубот поради Финансискиот фер-плеј. Исто така, УЕФА нема забелешки на трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе.

ПСЖ во меѓувреме ќе биде следена од европската куќа на фудбалот, а за да поминат без казна, ќе мора до крајот на јуни да продадат фудбалер и да добијат околу 60 милиони евра.

„УЕФА е задоволна со финансиите по трансферите на Килијан Мбапе и Нејмар, кои беа сериозен тест за управата на ПСЖ за тоа дали може да го задржат работењето во граници на Финансискиот фер-плеј“, пишуваат извори на „Асошијејтед прес“.

Француските новинари претпоставуваат дека прв од „Паркот на принцовите“ ќе замине Гонзаало Гуедеш, кој сака да остане во Валенсија.

Од друга страна, ПСЖ би можел да го продаде и Хавиер Пасторе, за кого интерес покажува Вест хем.