Исланд ја запре моќната Аргентина, Меси не реализираше пенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентациите на Аргентина и Исланд ги поделија бодовите во првото коло од групата Ц во рамките на Светското првенство.

Аргентинците важеа за големи фаворити на овој натпревар, но на крајот не успеаја да се радуваат на трите бода.

„Гаучосите“ во 19. минута стигнаа до водство со одличниот погодок на Серхио Кун Агуеро. Сепак, радоста на АРгентина траеше само пет минути затоа што Исланд стигна до израмнување во 24 минута. Очајната реакција на аргентинската одбрана ја искористи Финбогасон кој влезе во историјата на исландскиот фудбал како прв стрелец на Исланд на едно Светско првенство.

Се играше 62. минута кога главниот судија досуди најстрога казна во корист на Аргентина. Меси ја презеде одговорноста, но голманот на Исланд на херојски начин го одбрани неговиот удар и ја зачува мрежата.