Михајловиќ ќе му биде тренер на Ристовски во Спортинг Лисабон!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Србија и тренер на Милан, Синиша Михајловиќ, ќе го преземе Спортинг Лисабон, иако претходно не успеа да се договори со управата на клубот, зашто му понудиле помала плата од таа што ја барал.

Пред Михајловиќ ќе биде најтешката работа затоа што клубот, во кој игра нашиот интернационалец Стефан Ристовски, се наоѓа во хаос.

Хулигани ги нападнаа играчите, а некои од фудбалерите потоа одлучија да заминат, односно да ги раскинат договорите.

Во моментов не се познати детали од нивниот договор, но се очекува српскиот тренер да остане во Португалија две години.