Белгија со одлична игра во второто полувреме ја победи Панама


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија со убедлива победа го отвори настапот на Светското првенство во Русија.

Во првото коло од групата Г, Белгија со 3:0 ја совлада Панама, па на тој начин демонистрираше сила врз аутсајдерот, нешто што не им појде од рака на Германија, Бразил и Аргентина кои не се прославија на отворањето на турнирот.

Белгија во првиот дел имаше теренска доминација, но не успеа да го пронајде патот до мрежата, па на пауза се замина со 0:0.

Сепак, се им се отвори на самиот старт од вториот дел. Најпрво Дрис Мертенс со спектакуларен ол донесе предност за „Црвените ѓаволи“, за победата да ја завери играчот на Манчстер Јунајтед, Ромелу Лукаку со два гола во 69. и 75. минута.