Вест Хем го комплетираше вториот трансфер ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Вест Хем и официјално го потврдија трансферот на играчот од одбраната Иса Диоп кој меѓу „чеканите“ доаѓа од тимот на Тулуз.

21 годишниот централен дефанзивец во Лондон пристигнува во трансфер вреден 22 милиони фунти, а со тимот на Вест Хем потпиша петгодишен договор.

„Многу сум среќен што потпишувам договор со голем историски англиски клуб и се надевам дека ќе го покажам најдоброто од мене.

Јас сум многу амбициозен фудбалер, а Вест Хем е многу амбициозен клуб, како што гледаме со назначувањето на новиот тренер. Се надевам дека ќе помогнам на тимот да добие многу натпревари кои ќе ги направат навивачите среќни“ –коментираше Диоп.