Три тима од Серија А го посакуваат талентот на Ливерпул, Марко Грујиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалски репрезентативец и моментален член на Ливерпул, Марко Грујиќ следната сезона би можел да заигра во Серија А.

Имено, интерес за Грујиќ постои од редовите на Милан, Лацио и Аталанта кои сакаат да го видат Србинот во своите редови. Сепак, Ливерпул не се согласува на продажба на фудбалерот во кого гледаат потенцијал за во иднина и планираат да го пратат на уште една позајмица.

Грујиќ помина успешни шест месеци во редовите на Кардиф кој се врати во Премиер лигата, а клубот од Велс повторно е заинтересиран за неговите услуги.

За играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики постои интерес и од уште еден нов премиерлигаш, Фулам кој од клупата е предводен од српскиот тренер, Славиша Јокановиќ.