Шпанија со среќен гол го заокружи денот во кој фаворитите се мачеа на Мундијалот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија ја запиша својата прва победа на Светското првенство во Русија откако со минимални 1:0 го совлада Иран во последниот натпревар од денешната програма.

Шпанците не можеа да го пробијат бункерот на Иран во првиот дел, а за голот чекаа до 54. минута кога Диего Коста со многу среќа успеа да го матира Берианванд.

Иранците потоа пробаа да нападнат, дури и постигнаа гол во 62. минута кој беше оправдано поништен поради офсајд ситуација.

Избраниците на Карлос Квеироз можеа да ја изненадат Шпанија во 82. минута кога голема шанса не реализираше Тареми.

Со натпреварот кој се одигра на „Казан Арена“ се заокружи денешната програма на Мундијалот во која фаворитите се мачеа против аутсајдерите. Сите три вечерашни натпревари завршија со ист резултат, 1:0.

Португалија- Мароко 1:0

Уругвај- Саудиска Арабија 1:0

Иран- Шпанија 0:1