Шкендија најде замена за Цуцули во Албанија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкендија бара замена за Ардијан Цуцули, а очигледно истата ја пронајдоа во соседството, поточно во Албанија.

„Инфоспорт“ пишува дека екипата од Тетово сака да се засили со поранешниот стопер на Скендербег, Гледи Мици.

Скендербег доби суспензија од Европа на десет години поради наместени натпревари, па поради тоа Мици наводно го раскинал договорот со тимот.

Наводно, Мици кажал дека не е повеќе дел од албанскиот клуб и сега очекува понуди од странство и од домашните клубови.