Фудбалер на Барселона се сели во Лондон по крајот на СП!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпански „Диарио Спорт“ пишува дека лондонскиот гигант Тотнем ќе се обиде да го купи Жорди Алба од Барселона.

Репрезентативецот на Шпанија во моментов е на Мундијалот во Русија, па евентуална преселба во Лондон би можела да се случи по завршување на турнирот.

Левиот бек има уште две години од договорот со Каталонците, но уште не му е понуден нов договор, па поради тоа почнаа шпекулациите дека Алба би можел да го напушти каталонскиот гигант.

Дополнително ги „подгрева“ шпекулациите и новиот директор на клубот, Ерик Абидал, кој сака да го ангажира Фелан Менди, кој игра како лев бек.

Алба и во минатото се поврзуваше со Челси и Манчестер јунајтед, но очигледно Тотнем има амбициозен проект за наредната сезона и поради тоа планираат да донесат силни засилувања.