За насилството нема место на СП: Заедничка фотографија на руски и англиски навивачи (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светското првенство во Русија не се одвива како што очекуваа многумина, барем кога станува збор за навивачите.

Руските навивачи пред Мундијалот најавуваа дека ќе прават хаос низ татковината и англиските навивачи ќе си поминат многу лошо, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Многумина очекува инциденти како на Европското првенство во 2016. година, но за среќа годинава има многу убави навивачки примери.

Еден од нив се случи токму денеска кога руски и англиски навивачи се сретнале на трговскиот плоштад и ја искористиле шансата да се забавуваат и да се фотографираат.