Официјално: Лацио донесе фудбалер на Реал Бетис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио го комплетираше трансферот на досегашниот лев бек на Реал Бетис, Риза Дурмиши.

Данскиот интернационалец кој има албански корени со тимот од „Олимпико“ потпиша петгодишен договор, а Лацио на Бетис му плати сума од околу седум милиони евра.

Дурмиши во двете сезони поминати во шпанскиот тим запиша 54 натпревари, но не беше баш најстандарден во последниот период во Бетис.

Трансферот на Дурмиши ќе значи дека Стефан Раду по цели десет години поминати на „Олимпико“ ќе мора да ја менува средината ова лето.