Нејмар откри зошто плачел по победата против Костарика (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразил вчера со многу проблеми успеа да ја победи Костарика со 2-0, а двата гола беа постигнати по регуларните 90 минути.

Филипе Кутињо во 91. минута погоди за 1-0, а пет минути подоцна прецизен беше Нејмар, кој по крајот на натпреварот остана на теренот и почна да плаче.

Бразилецот одлучи на социјалните мрежи да открие која била причината за неговите солзи по дуелот со Костарика.

„Не знаат сите низ што поминав за да стигнам тука. Тоа беа солзи радосници. Никогаш не ми беше лесно во животот, па ниту сега не ми е. Продолжува сонот. Честитки до моите сонародници!“, напиша Бразилецот.