Мексико ја запиша втората победа и се пласираше во осминафиналето на Мундијалот во Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рерпезентацијата на Мексико славеше победа од 2:1 во второто коло од групата Ф против Јужна Кореа и така го обезбеди пласманот во осминафиналето од Светското првенство.

Првиот гол на средбата падна во 26. минута кога Карлос Вела успешно реализираше удар од белата точка. На пеналот му претходеше несмасно играње со рака на Хјун Со Јанг.

Во продолжение на средбата Хирвинг Лозано имаше две добри шанси за водство но не ги искористи. Затоа младиот фудбалер беше асистент на Чичарито во 66. минута за зголемување на водството од 2:0.

Конечниот резултат го постави Хеунг Ми Сон во 93. минута од средбата. Со овој пораз Јужна Кореа и дефинитивно отпадна од комбинација за осминафиналето.