Калатес по одличната сезона има четири опции за својата иднина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмејкерот на Панатинаикос, Ник Калатес, имаше одлична сезона во Евролигата и грчкиот шампионат.

Калатес го водеше Панатинаикос до титула во Грција, а играше одлично и во натпреварите на Евролигата, но сега му заврши тригодишниот договор и може да бида каде да ја продолжи кариерата.

Барселона и Кимки подготвија договори за 29-годишниот играч, кој во Грција доби понуда и од Панатинаикос, кој сака да го задржи до 2021. година.

Сепак, Калатес има опција да замине и во НБА-лигата, но мора да почека до почетокот на јули за да стане слободен агент и да побара екипа.