Стартни состави: Мартинез и Саутгејт ротираа во своите репрезентации за меѓусебниот дуел (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И селекторот на Англија, Герет Саутгејт, и неговиот колега од Белгија, Роберто Мартинез ротираа во своите состави за денешниот последен натпревар во рамките од групата Г од Светското првенство.

Кај Англичаните на голот останува Пикфорд, во одбраната ќе играат Роуз, Стоунс, Џонс, Кејхил и Александер Арнолд, средниот ред ќе го сочинуваат Даер, Делф и Лофтус Џик, додека во нападот ќе се најдат Маркус Рашфорд и Џејми Варди.

Во белгиската репрезентација Тибо Куртоа ќе почне меѓу стативите, во одбраната се најдоа Бојата, Вермален и Дендонкер,  средниот ред ќе го сочинуваат Чадли, Дембеле, Фелаини, Тилеманс и Торган Азар, а во нападот ќе бидат Јанузај и Батсуаи.