Навивачите во неизвесност: Пристигна Леброн Џејмс! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата ѕвезда на НБА-лигата Леброн Џејмс најверојатно ќе го напушти Кливленд Кавалирс, а во наредните денови ќе открие каде ќе се пресели.

Главен фаворит за неговиот потпис е Лос Анџелес лејкерс. Нивните навивачи се радосни поради тие шпекулации.

Џејмс вчера пристигна во Лос Анџелес. Не успеа да се сокрие од новинарите, а многумина тоа го сметаат како знак дека Леброн ќе потпиша со Лејкерс.

Меѓутоа, кошаркарот е сопственик и на неколку куќи во тој град, па често сака да престојува таму за време на одморот, а најверојатно од таму ќе го објави името на својот нов клуб.